СПИСОК НА СЕЛЕКТИРАНИ И РЕЗЕРВНИ КАНДИДАТИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА БИЗНИС – САМОВРАБОТУВАЊЕ 2016 (ЦИКЛУС 2 – ФАЗА 1)

[pdfjs-viewer http://rabotaimoznosti.mk/wp-content/uploads/2016/09/Селекција_180БП_Циклус2_Фаза1_01092016.pdf viewer_width=850px viewer_height=1000px fullscreen=false download=true print=true openfile=false]

СЕЛЕКТИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ПОДДРШКА ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ

[pdfjs-viewer url=http://rabotaimoznosti.mk/samovrabotuvanje/wp-content/uploads/2016/07/1_АВРМ_WEB_Селектирани кандидати со попреченост_30.06.2016.pdf viewer_width=850px viewer_height=1000px fullscreen=false download=true print=true openfile=false]

СПИСОК НА СЕЛЕКТИРАНИ И РЕЗЕРВНИ КАНДИДАТИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА БИЗНИС – САМОВРАБОТУВАЊЕ 2016 (ЦИКЛУС 1 – ФАЗА 1 и 2)

[pdfjs-viewer url=http://rabotaimoznosti.mk/samovrabotuvanje/wp-content/uploads/2016/07/1_Ciklus1_Faza12_BP385_Selection_30.06.2016.pdf viewer_width=850px viewer_height=1000px fullscreen=false download=true print=true openfile=false]

САМОВРАБОТУВАЊЕ 2016 (ЦИКЛУС 2) – СПИСОК НА СЕЛЕКТИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ОБУКА „ПРЕТПРИЕМНИШТВО И БИЗНИС ПЛАНИРАЊЕ“ » 24.06.2016

[pdfjs-viewer url=http://rabotaimoznosti.mk/samovrabotuvanje/wp-content/uploads/2016/06/1_WEB_АВРМ_Циклус2_Самовработување_FINAL_240616.pdf viewer_width=850px viewer_height=1000px fullscreen=false download=true print=true openfile=false]

Преку Силиконската долина до Македонија: Како да го охрабриме растот на „инвестициските ангели“ кај старт – ап компаниите?

Професорот Мајкл Голдберг, авторот на мега популарниот отворен онлајн курс Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies следен од преку 100.000 студенти од над 70 земји, ги пренесе своите искуства и совети пред битолската публика.

„Почитувајте ги советите на постарите, но секогаш потпрете се на својот инстинкт и своето знаење. Бизнисот подразбира личен белег, лична заложба, и најмногу сопствен труд. Нема голема филозофија, тоа е формулата за будење на деловниот сенс и успех.“ – вака ја иницираше дискусијата професорот Голдберг пред 20-тина присутни студенти, работодавачи и млади луѓе од Битола и регионот.

Фасциниран од патувањата и искуствата по светот, професорот се обиде да ја пренесе страста и желбата „да се успее“ на навидум млади, неискусни луѓе, без формално деловно образование и дипломи од престижни универзитети, но кои успешно работат и остваруваат успех. Младоста претставува бенефит, а никако пречка при остварувањето на бизнис идеите.

„Сега ги завршувам студиите, и навистина размислувам да отворам своја фирма. Идејата е пресликана од една светски успешен бизнис, но секако адаптирана за нашите услови и начите купувачи. Средбата со професорот ми беше многу интересна…немаме секој ден можност за личен контакт со човек со толкаво искуство.“ – вели Ана, студентска по економија. Но, таа, во исто време, и се плаши: „Живееме во турбулентни времиња. А, јас сум млада, без никакво реално искуство…како во такви услови да ги остварам моите замисли?“

Според професорот Голдберг, ниедно време не е идеално за отворање на бизнис. Но, во исто време, таа криза претставува и можност. Секако, детални анализи, консултирање на поискусни и константно учење се сегментите што секогаш треба да се следат и пресликуваат. Посебно внимание треба да се посвети на можната поддршка од трети страни. И токму таму, лежи можноста за овие млади луѓе – во искористувањето на брзиот проток на информациите и динамичниот свет на размена на идеи и заеднички соништа.

Средбата, како дел од посетата на гостинот и серијата на предавања, беше организирана од Инфо Клубот при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и Американскиот корнер.

Погледнете една од презентанциите на проф. Голдберг: https://www.youtube.com/watch?v=Wk7GSxUMqAk