Досега отворени повеќе од 6000 бизниси

Повеќе од 6775 бизниси досега се отворија со новите мерки за самовработување на Владата на Република Македонија. Овие бизниси придонесуваат за значајно намалување на невработеноста во помалите градови и руралните средини, отворајќи нови работни места кои што не зависат од државниот буџет.

Oваа програма, предводена од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, во соработка со Агенцијата за вработување и Програмата за развој на Обединетите Нации, резултираше со одлични резултати, за што сведочи фактот дека дури 70% од новоформираните бизниси веќе постигнаа ликвидност. Дополнително, повеќе од 80% од овие бизниси веќе почнаа да вработуваат и надворешни лица.