Инфо средби за регистрација на фирми

Денеска во Штип се одржува инфо средба за селектираните кандидати во програмата Самовработување на лица со попреченост, на која што ќе присуствуваат вкупно 6 кандидати од Штип и Пробиштип. Целта на средбата е запознавање на кандидатите со правните процедури за регистрација на правните субјекти, но и можности и бенефити за искористување на средствата преку Посебниот фонд.

„Возам такси веќе неколку години. Ама сега сакам и своја фирма да имам… друго е кога имаш фирма позади себе. Средствата ќе ги искористам за набавка на гориво…а тоа не е малку пари. Како за старт, тоа е одлична помош. Имам искуство, ги познавам луѓето, ме знаат и тие мене од порано, задоволни се… мислам дека можам да успеам. Да поминат овие 9 месеци како што треба, па ќе аплицирам и за искористување на средствата преку Посебниот фонд.“ – вели Горан Наков, иден сопственик на такси – компанија од Штип.

Со грантот за самовработување, оваа категорија на кандидати имаат можност да искористат 300.000 денари за набавка на опрема и репро материјали. Ако основачот на фирмата ги исполнува условите, после 9 месеци од основањето на бизнисот може да ги искористи и дополнителните средства од Посебниот фонт во висина од 20 просечни нето плати и 100.000 денари за адаптација на работен простор.

Вакви инфо средби за селектираните лица во рамките на програмата се планираат да се одржат и во другите центри за вработувања.

Comments are closed