Прв јавен оглас за програмата Самовработување за лица со попреченост

Програма за самовработување на лицата со попреченост

Целта на програмата е да се зголеми пристапот и учеството на лицата со попреченост, како и да се зголемат можностите на пазарот на трудот за нивно вработување. Непосредна цел е да се создадат 50 правни субјекти преку поттикнување на претприемништвото и самовработување на лица со попреченост, како и преку отворање на дополнителни 100 нови работни места во тие почетни бизниси.

Висината на средствата :
• грант во форма на опрема и/или материјали во износ од 270.000,00 денари, согласно условите наведени во договорот за грант;
• можност да остварат дополнително вработување на најмногу две лица и дополнителен грант во форма на опрема и/или материјали во износ од 92.000,00 денари по лице;
• да ги користат правата и бенефициите од Посебниот фонд, согласно Законот за вработување на инвалидни лица;

View Fullscreen

Comments are closed