Кратко инфо

Инфо лист – Програма за Самовработување за лица со попреченост

  • Целта на програмата е намалување на невработеноста и отворање на сопствен бизнис.Таа се спроведува од страна на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).


Ова се чекорите за успешно вклучување и реализација на програмата:

 

  1. Пријавување
  2. Пополнување на Прашалник за пријава;
  3. Обезбедување на Наод и мислење за определување на работи кои може да ги извршува
  4. Учество на предвидените обуки
  5. Изработка и селекција на најдобри и одржливи бизнис идеи;
  6. Менторска поддршка
  7. Регистрација на бизнисот/правниот субјект
  8. Потпишување на Договор;
  9. Потпишување на Договор за дополнителни вработувања

Што добивате ако се вклучите во Програмата Самовработување:

 

  1. обука за меки вештини и од областа на претприемништвото
  2. потврда за завршена обука за претприемништво
  3. експертска поддршка од ментор
  4. административна поддршка од Центарот за вработување
  5. 270.000 денари за набавка на опрема и/или материјали
  6. можност за дополнителна финансиска поддршка за дополнителни вработувања во износ од 92.000 денари или 184.000 денари искористени за набавка на опрема и/или материјали

Права и обврски на лицата вклучени во Програмата Самовработување:

 

    1. Потпишување на Изјава за согласност за учество;
    2. Редовно посетување на предвидените обуки или информативни средби;
    3. До регистрација на фирмата лицето има обврска редовно да се пријавува во центрите за вработување на закажаниот термин;
    4. Пријавување на регистриран бизнис/вработување во АВРМ;
    5. Секоја фирма корисник на мерката ќе мора да обезбеди услови за надгледување во тек на 2 години;
    6. Лицата кои ќе ги искористат средствата 2 години не може да се вратат во евиденција на невработени лица се до истекот на времетрањето на Договорот;
    7. Ако основачот на фирмата престане со вршење на дејност  пред истекот на 1 година односно 2 години од датумот на регистрирање на бизнисот, освен во случај на смрт или трајна неспособност, лицето – основач на фирмата има обврска да врати во период од 12 месеци:

– 80% од финансиските средства доколку престане со вршење на дејност пред истекот на една (1);
– 60% од финансиските средства, доколку престане со вршење на дејност пред истекот на втората година од постоење на бизнисот.
Ако по истекот на првите шест (6) месеца од регистрација, бизнисот нема реализирано финансиски трансакции (т.е. исплатена бруто плата), се испраќа писмо за опомена. Ако по истекот на три месеци од денот на доставување на опомената, корисникот на грантот продолжи со нереализирање на финансиски трансакции, се започнува со постапка за враќање на добиените средства.

Comments are closed