Дали присуството на информативните средби е задолжително? |
---|
Присуството на инфо средбите НЕ е задолжително. Средбите се организираат со цел запознавање на општините и локалните институции со целите на програмата и начините за идентификување на потребите на локално и регионално ниво. Средбите се организираат за времетраењето на повикот за учество. |
Дали на средбите треба да присуствуваат само претставниците на ЕЛС и Градот Скопје? |
Не. Пожелно е на средбите да учествуваат и претставници од центрите за вработување и меѓуопштинските центри за социјална работа, како и потенцијалните партнери на ЕЛС и Градот Скопје кои би биле вклучени во реализацијата на програмата: невладини организации, здруженија на граѓани, здравствени домови, дневни центри, старски домови и слично. |
Дали, како општина заинтересирана за учество во програмата, може да добиеме одредена помош и/или насоки за време на подготовката на предлог програмата? |
Да. За времетраење на повикот, на барање на заинтересираните ЕЛС и Градот Скопје и локалните институции, предвидени се работни состаноци со стручниот тим на УНДП на кои ќе се обезбедат дополнителни информации и насоки за квалитетно развивање на предлог програмата. |
Нашата општина, сè уште не одлучила за кои услуги да поднесе предлог програма. Дали може да се добијат насоки на кои услуги би требало да се фокусираме и каков вид активности поддржува програмата? |
Програмата Општинско – корисна работа не поддржува однапред утврдена листа на услуги. При определувањето на приоритетите, локалните партнери треба да се водат од локалните специфики и потреби на населението. Затоа, пред подготовката на предлог програмата треба да претходи анализа и консултација со сите засегнати страни на локално ниво.
Во таа насока, ја препорачуваме иновативна веб алатка „моја општина” која што со едноставна употреба може да даде јасни насоки за приоритетите на секоја општина. За повеќе информации, може да се обратите до тимот на УНДП. Исто така, општините може да очекуваат поддршка од тимот на УНДП во усвојувањето и примената на Методологијата за креирање услуги во функција на поединците, услуги кои би биле испорачани на најсоодветен начин согласно потребите на крајниот корисник.Поддршката се обезбедува на барање на општината при што заеднички се утврдува местото и датумот на средбата. |
Кој ја подготвува предлог – програмата? |
Предлог програмата ја подготвува општинска комисија составена од претставници на општината, центарот за вработување и меѓуопштинскиот центар за социјални работи, како и другите вклучени партнери на Општината. |
Kој е временскиот рок во кој општините имаат обврска да ја подготват и да ја поднесат програмата за ОКР? |
---|
Предвидени се 30 работни дена за подготовка на предлог програмата. Во тој период треба да се планира и доволно време за анализа / истражување на потенцијалните корисници, за проценка на нивните потреби и подготвеноста за учество во програмата. |
Што треба да опфати програмата? |
Програмата со предлог активности потребно е да содржи информации за крајните корисници на програмата, образложение зошто е избрана токму таа група на крајни корисници, какви услуги им се потребни, кои се очекувањата од реализацијата на програмата, (дали со предлог програмата се нуди нов начин на задоволување на потребите, или се обезбедува поголем опфат на крајни корисници и сл.). Врз основа на утврдените потреби и очекувања од задоволувањето на истите, се дефинираат работните позиции и задачи за невработените лица. Воедно, програмата треба да содржи информација и за профилот на невработени лица во општината, образложение за избраната целна група на невработени лица кои се планира да бидат опфатат со програмата, очекувањата и сл. |
Дали пред пополнувањето на Апликативниот формулар е потребно да се направи некоја поопсежна анализа за состојбата на терен (пример број на деца или број на мајки кои ќе прифатат да се вклучат во проектот и сл.)? |
Да, пожелно е да се изврши анализа со која што ќе се добијат сознанија за профилот на крајни корисници, потребните услуги и нивната спремност за учество во програмата. Исто така, потребно е да се оствари непосреден контакт со целната група на невработени лица со цел да се добијат сознанија за потребите на потешко вработливите невработени лица, препреките со кои се соочуваат итн. Добиените сознанија од овие анализа се приложуваат заедно со програмата на активности предложена со Апликативниот формулар. |
Дали треба општината да распише оглас за избор на партнер институција? |
Не, не е задолжително општината да распише оглас за избор на партнер институција. Ако во досегашното работење општината има изградено партнерство со една или повеќе организации / институции на локално ниво, и ако истото одговара со природата на проектот, истото може да се вметне и во овој проект.
Вклучувањето на партнер организација, општината треба да го наведе во Апликативниот формулар. |
Дали и кога треба да се состави меморандум за соработка помеѓу партнер организациите односно институциите на локално ниво и дали има образец за тоа? |
Документот кој го опишува партнерството, општината го доставува заедно со Апликативниот формулар.
Програмата не предвидува модел документ / образец на Меморандум за соработка. |
Дали крајните корисници на програмата и услугите кои тие ги добиваат се предвидени во Програмата за Општинско – корисна работа? |
Крајни корисници, кои ги опфаќа Програмата Општинско -корисна работа, може да бидат деца од претшколска возраст, стари лица, болни и изнемоштени лица, жители на рурални средини на кои им се обезбедуваат здравствени и/или образовни услуги, жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа, деца од семејства со нарушени семејни односи, деца со воспитно- социјални проблеми, лица со пречки во вербалната комуникација, аутизам, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со пречки со телесен, ментален и/или комбиниран инвалидитет, материјално необезбедени деца и лица, деца и други корисници итн.
Услугите кои би ги добиле крајните корисници, а кои не исклучуваат и друг вид услуги, може да бидат: дневна грижа, здравствена заштита, медицински совет и помош, вклучување во спортски активности, изучување на работни вештини, ликовни, музички и театарски активности, советодавни услуги за остварување на одредени права, помош за извршување на секојдневни обврски и/или други обврски, поефикасно претшколско и школско образование и друг вид на услуги кои би се идентификувале како значајни за крајните корисници. |
Кој ја врши селекцијата на доставените предлог програми и како се реализира истата? |
По завршувањето на отворениот повик, Работното тело составено од претставници на МТСП, АВРМ и УНДП врши селекција на пристигнатите предлог програми, согласно критериумите дадени во Оперативните упатства како Прилог 2. |
Како се добива информација за исходот од селекцијата? |
По спроведената селекција од страна на Работното тело се испраќа писмено известување до сите општини кои доставиле предлог – програма. |
Кои невработени лица може да аплицираат за учество во програмата Општинско -корисна работа? |
---|
Сите невработени лица кои се евидентирани во евиденцијата на АВРМ и кои воедно припаѓаат на една од следните ранливи групи на население:
|
Дали ќе има оглас за работно ангажирање на невработените лица во рамки на програмата Општинско- корисна работа и каде ќе биде објавен истиот? |
Да, постои оглас за невработените лица. Објавувањето на огласот е обврска на општината и надлежниот Центар за вработување. Огласот за работно ангажирање на невработени лица се објавува на огласната табла на надлежниот Центар за вработување, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, во општината и на други соодветни места по потреба. Времетраењето на огласот за пријавување на заинтересираните невработени лица трае 10 работни дена. |
Што ако не се јават невработени лица од наведените целни групи кои ги имаат потребните квалификации / образование / вештини? |
Доколку нема лице од потребниот профил пријавено за времетраењето на јавниот оглас, АВРМ-ЦВ врши посредување од евиденцијата на невработени лица на АВРМ при што приоритет ќе имаат лицата наведени како целна група во апликацијата на селектираните ЕЛС и Градот Скопје. |
Кој е максималниот број на невработени лица кои можат да бидат ангажирани од страна на една општина во рамките на програмата? |
Максималниот број на лица кои може да се поддржат на ниво на општина е 20 лица. |
Според измените од законот за социјална заштита на лице примател на социјална парична помош може да биде ангажиран 3 месеци во календарска година за кое време му мирува правото на користење на социјална парична помош. За подолг период од 90 дена лицето го губи правото на користење на парична социјална помош и се казнува со 1 година забрана за добивање на социјална помош.
Дали тоа подразбира дека со вклучување на лицата од ранливите групи, кои се корисници на социјална парична помош, тие ќе го изгубат статусот на лица приматели на социјална парична помош? |
Не.Корисниците на социјална помош за времетраење на работниот ангажман и паричниот надоместок ќе продолжат да го користат стекнатото право на социјална помош и паричен надоместок по основ на невработеност. Тоа е наведено и во Правилникот за начинот на утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството, определувањето на носителот на правото и потребната документација за остварување и користење на правото на социјална парична помош (Сл. весник на РМ бр.54/13 и 126/13 и 11/15), член 2 од истиот. |
Дали невработените лица кои ќе бидат ангажирани во проектот треба да имаат соодветно образование? |
Да. Потребните квалификации, знаења и вештини кои треба да ги поседуваат невработените лица се дефинираат според спецификата и описот на работните задачи во проектот.
Во оваа фаза неопходна е координација и со вработените во надлежниот центар за вработување и меѓуопштински центар за социјална работа кои може да дадат голем придонес во утврдување на квалификациите, вештините, знаењата и подготвеноста за работа на невработени лица од целната група. |
Дали за невработените лица кои ќе бидат ангажирани во проектот се предвидува одредена обука, советување или тренинг кои би се организирале пред реализацијата на проектот? |
Да, постои таква можност. За време на разговорите, кои може да се реализираат и при подготовката на Апликативниот формулар, се утврдува и потребата за претходно советување, обука или тренинг на невработените лица.
Ваквата потреба треба да биде уредно наведена и предвидена во Апликативниот формулар. |
Кога почнуваат активностите за избор на лицата кои ќе бидат работно ангажирани и кога овие лица започнуваат со нивните работни задачи и работа на терен? |
Изборот на невработени лица кои би биле работно ангажирани се врши од списокот на невработени лица кои пројавиле интерес за учество во програмата и кои се јавиле на отворениот оглас за невработени лица. Работниот ангажман на лицата започнува по потпишување на договорот помеѓу избраните невработени лица и општината. |
Каква е постапката доколку селектираното невработено лице се откаже од понатамошниот негов ангажман во програмата? |
Доколку за време на воведната обука, селектирано лице одлучи да се откаже од работниот ангажман, се врши замена со друго лице кое одговора на профилот потребен за реализација на предвидените активности.
Доколку нема лице од тој профил пријавено за времетраењето на јавниот оглас, АВРМ-ЦВ врши посредување од евиденцијата на невработени лица на АВРМ при што приоритет ќе имаат лицата наведени како целна група во апликацијата на селектираните ЕЛС и Градот Скопје. |
Каква е постапката доколку селектираното невработено лице се откаже од понатамошниот негов ангажман во програмата? |
Доколку за време на воведната обука, селектирано лице одлучи да се откаже од работниот ангажман, се врши замена со друго лице кое одговора на профилот потребен за реализација на предвидените активности. Доколку нема лице од тој профил пријавено за времетраењето на јавниот оглас, АВРМ-ЦВ врши посредување од евиденцијата на невработени лица на АВРМ при што приоритет ќе имаат лицата наведени како целна група во апликацијата на селектираните ЕЛС и Градот Скопје. |
Колкав е надоместокот на лицата кои ќе учествуваат во извршување на работните задачи предвидени со програмата ? |
Бруто надоместокот изнесува 9.000,00 денари , што вклучува и исплата на персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. |
Како и кој ја врши исплатата на средствата? |
Исплата на средствата на лицата ја врши општината на месечна основа |