ПРОГРАМА: ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА
Услугите во кои би биле вклучени како ангажирано лице може да бидат: дневна грижа, здравствена заштита, медицински совет и помош, вклучување во спортски активности, изучување на работни вештини, ликовни, музички и театарски активности, советодавни услуги за остварување на одредени права, помош за извршување на секојдневни обврски и/или други обврски, поефикасно претшколско и школско образование и друго.
Што добивате од Програмата:
- работен ангажман од 6 до 12 месеци
- месечен надоместок од 9.000 денари за 20 работни часа, со вклучен персонален данок
- можност да се стекнете со нови работни вештини и работно искуство
- статусот на невработено лице останува непроменет
- корисниците на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе го задржат правото на користење на социјална помош и паричен надоместок по основ на невработеност
За повеќе информации околу програмата „Општинско – корисната работа“ може да се обратите во Центарот за вработување и/или Меѓуопштинскиот центра за социјална работа, во Вашата Општина или на следните веб страни