ПРОГРАМА: ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА
Обезбедување / надополнување на:
- воспитно- образована дејност
- здравствени услуги
- услуги за грижа
на стари лица, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух , лица со пречки со телесен, ментален и/или комбиниран инвалидитет, материјално необезбедени, деца, деца со попреченост во редовна настава и други корисници преку обезбедување услуги за дневно згрижување во дневен центар, давање помош во домашни услови и училишна заедница, помош преку донации и друг вид на грижа
КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ЗА ОПШТИНАТА:
- обезбедување / надополнување на
- здравствени услуги за стари лица, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со пречки со телесен, ментален и/или комбиниран инвалидитет, материјално необезбедени деца и лица, за деца и други корисници
- услуги загрижа за стари лица, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со пречки со телесен, ментален и/или комбиниран инвалидитет, материјално необезбедени, деца и други корисници преку обезбедување услуги за дневно згрижување во дневен центар, давање помош во домашни услови, помош во натура преку донации и друг вид на грижа
- воспитно- образована дејност за деца на претшколска возраст, деца со попреченост преку обезбедување лични асистенти во наставно -воспитниот процес и/ или образовни асистенти, деца од материјално необезбедени семејства, социјално исклучени и останати категории граѓани на кои им е потребно базично описменување, едуцирање и слично.
- надополнување на човечкиот капитал во одделни институции / организации
- при воведување на нов систем за обезбедување услуги– дневен центар за лица со одреден вид на инвалидитет, стари лица и други корисници, загрижувачки центар, дом за сметување и слично
- проширување на опфатот на услуги обезбедени за стари лица, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со пречки со телесен, ментален и/или комбиниран инвалидитет, материјално необезбедени, деца и други корисници
- преку давање дополнителни информации кои може да се резултат од воведување на следните активности, но кои не се ограничуваат само на истите: организирање на групи на самопомош меѓу корисниците на социјална заштита (родители на деца во ризик, негуватели на стари лица, самохрани родители, згрижувачи, лица со социјални проблеми и др.); ангажирање на патролен социјален работник за да се допре до најранливите; ангажирање и волонтерска работа на профили кои ќе им помагаат на ЦСР; ангажирање на лица за помош на лица со инвалидитет во рамките на формата „самостојно живеење со поддршка’’; помош на Установи за социјална заштита за вонинституционална заштита кои функционираат во моментот како што се дневен центар и клубови за стари и возрасни лица, дневен центар за улични деца – деца на улица, дневен центар за лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дроги и други психотропни супстанции и прекурзори, центар за лица бездомници, центар за лица – жртви на семејно насилство, дневен центар за лица со ментална или телесна попреченост, центар за давање помош во домашни услови, народни кујни и сл.
За повеќе информации околу програмата „Општинско – корисната работа“ може да се обратите во Центарот за вработување и/или Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, во Вашата Општина или на следните веб страни