I. Промоција на програмата Општинско – корисна работа (ОКР) и поддршка во дизајнирањето на предлог проект

Дали присуството на информативните средби е задолжително?
Присуството на инфо средбите НЕ е задолжително. Средбите се организираат со цел запознавање на општините и локалните институции со целите на програмата и начините за идентификување на потребите на локално и регионално ниво. Средбите се организираат за времетраењето на повикот за учество.
Дали на средбите треба да присуствуваат само претставниците на ЕЛС и Градот Скопје?
Не. Пожелно е на средбите да учествуваат и претставници од центрите за вработување и меѓуопштинските центри за социјална работа, како и потенцијалните партнери на ЕЛС и Градот Скопје кои би биле вклучени во реализацијата на програмата: невладини организации, здруженија на граѓани, здравствени домови, дневни центри, старски домови и слично.
Дали, како општина заинтересирана за учество во програмата, може да добиеме одредена помош и/или насоки за време на подготовката на предлог програмата?
Да. За времетраење на повикот, на барање на заинтересираните ЕЛС и Градот Скопје и локалните институции, предвидени се работни состаноци со стручниот тим на УНДП на кои ќе се обезбедат дополнителни информации и насоки за квалитетно развивање на предлог програмата.
Нашата општина, сè уште не одлучила за кои услуги да поднесе предлог програма. Дали може да се добијат насоки на кои услуги би требало да се фокусираме и каков вид активности поддржува програмата?
Програмата Општинско – корисна работа не поддржува однапред утврдена листа на услуги. При определувањето на приоритетите, локалните партнери треба да се водат од локалните специфики и потреби на населението. Затоа, пред подготовката на предлог програмата треба да претходи анализа и консултација со сите засегнати страни на локално ниво.

Во таа насока, ја препорачуваме иновативна веб алатка „моја општина” која што со едноставна употреба може да даде јасни насоки за приоритетите на секоја општина. За повеќе информации, може да се обратите до тимот на УНДП. Исто така, општините може да очекуваат поддршка од тимот на УНДП во усвојувањето и примената на Методологијата за креирање услуги во функција на поединците, услуги кои би биле испорачани на најсоодветен начин согласно потребите на крајниот корисник.Поддршката се обезбедува на барање на општината при што заеднички се утврдува местото и датумот на средбата.

Кој ја подготвува предлог – програмата?
Предлог програмата ја подготвува општинска комисија составена од претставници на општината, центарот за вработување и меѓуопштинскиот центар за социјални работи, како и другите вклучени партнери на Општината.

Comments are closed