III. Пријавување и селекција на крајни корисници и невработени лица

Кои невработени лица може да аплицираат за учество во програмата Општинско -корисна работа?
Сите невработени лица кои се евидентирани во евиденцијата на АВРМ и кои воедно припаѓаат на една од следните ранливи групи на население:

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност
  • лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • жртви на семејно насилство
  • инвалидни лица
  • жени припадници на помалите етнички заедници
  • лица припадници на ромската етничка заедница
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот
  • родители на 3 и повеќе деца
  • родители на деца на улица
  • осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
  • бездомни лица
  • поранешни корисници на дрога
  • лица со незавршено средно или пониско образование
Дали ќе има оглас за работно ангажирање на невработените лица во рамки на програмата Општинско- корисна работа и каде ќе биде објавен истиот?
Да, постои оглас за невработените лица. Објавувањето на огласот е  обврска на општината и надлежниот Центар за вработување. Огласот за работно ангажирање на невработени лица се објавува на огласната табла на надлежниот Центар за вработување, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, во општината и на други соодветни места по потреба. Времетраењето на огласот за пријавување на заинтересираните невработени лица трае 10 работни дена.
Што ако не се јават невработени лица од наведените целни групи кои ги имаат потребните квалификации / образование / вештини?
Доколку нема лице од потребниот профил пријавено за времетраењето на јавниот оглас, АВРМ-ЦВ врши посредување од евиденцијата на невработени лица на АВРМ при што приоритет ќе имаат лицата наведени како целна група во апликацијата на селектираните ЕЛС и Градот Скопје.
Кој е максималниот број на невработени лица кои можат да бидат ангажирани од страна на една општина во рамките на програмата?
Максималниот број на лица кои може да се поддржат на ниво на општина е  20 лица.
Според измените од законот за социјална заштита на лице примател на социјална парична помош може да биде ангажиран 3 месеци во календарска година за кое време му мирува правото на користење на социјална парична помош. За подолг период од 90 дена лицето го губи правото на користење на парична социјална помош и се казнува со 1 година забрана за добивање на социјална помош.

Дали тоа подразбира дека со вклучување на лицата од ранливите групи, кои се корисници на социјална парична помош, тие ќе го изгубат статусот на лица приматели на социјална парична помош?

 Не.Корисниците на социјална помош за времетраење на работниот ангажман и паричниот надоместок ќе продолжат да го користат стекнатото право на социјална помош и паричен надоместок по основ на невработеност. Тоа е наведено и во Правилникот за начинот на утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството, определувањето на  носителот на правото и потребната документација за остварување и користење на правото на социјална парична помош (Сл. весник на РМ бр.54/13 и 126/13 и 11/15), член 2 од истиот.
Дали невработените лица кои ќе бидат ангажирани во проектот треба да имаат соодветно образование?
Да. Потребните квалификации, знаења и вештини кои треба да ги поседуваат невработените лица се дефинираат според спецификата и описот на работните задачи во проектот.

Во оваа фаза неопходна е координација и со вработените во надлежниот центар за вработување и меѓуопштински центар за социјална работа кои може да дадат голем придонес во утврдување на квалификациите, вештините, знаењата и подготвеноста за работа на невработени лица од целната група.

Дали за невработените лица кои ќе бидат ангажирани во проектот се предвидува одредена обука, советување или тренинг кои би се организирале пред реализацијата на проектот?
Да, постои таква можност. За време на разговорите, кои може да се реализираат и при подготовката на Апликативниот формулар, се утврдува и потребата за претходно советување, обука или тренинг на невработените лица.

Ваквата потреба треба да биде уредно наведена и предвидена во Апликативниот формулар.

Кога почнуваат активностите за избор на лицата кои ќе бидат работно ангажирани и кога овие лица започнуваат со нивните работни задачи и работа на терен?
Изборот на невработени лица кои би биле работно ангажирани се врши од списокот на невработени лица кои пројавиле интерес за учество во програмата и кои се јавиле на отворениот оглас за невработени лица. Работниот ангажман на лицата започнува по потпишување на договорот помеѓу избраните невработени лица и општината.
Каква е постапката доколку селектираното невработено лице се откаже од понатамошниот негов ангажман во програмата?
Доколку за време на воведната обука, селектирано лице одлучи да се откаже од работниот ангажман, се врши замена со друго лице кое одговора на профилот потребен за реализација на предвидените активности.

Доколку нема лице од тој профил пријавено за времетраењето на јавниот оглас, АВРМ-ЦВ врши посредување од евиденцијата на невработени лица на АВРМ при што приоритет ќе имаат лицата наведени како целна група во апликацијата на селектираните ЕЛС и Градот Скопје.

Каква е постапката доколку селектираното невработено лице се откаже од понатамошниот негов ангажман во програмата?
Доколку за време на воведната обука, селектирано лице одлучи да се откаже од работниот ангажман, се врши замена со друго лице кое одговора на профилот потребен за реализација на предвидените активности. Доколку нема лице од тој профил пријавено за времетраењето на јавниот оглас, АВРМ-ЦВ врши посредување од евиденцијата на невработени лица на АВРМ при што приоритет ќе имаат лицата наведени како целна група во апликацијата на селектираните ЕЛС и Градот Скопје.
Колкав е надоместокот на лицата кои ќе учествуваат во извршување на работните задачи предвидени со програмата ?
Бруто надоместокот изнесува 9.000,00 денари , што вклучува и исплата на персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Како и кој ја врши исплатата на средствата?
Исплата на средствата на лицата ја врши општината на месечна основа

Comments are closed