ОПЕРАТИВНИ УПАТСТВА ЗА АКТИВНАТА ПРОГРАМА ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА (ОКР) » 07.08.2013

ОПЕРАТИВНИ УПАТСТВА ЗА АКТИВНАТА ПРОГРАМА ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА (ОКР)

Овој документ има за цел да обезбеди детален приказ на методологијата, активностите и чекорите што Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Агенцијата за вработување (АВРМ), центрите за социјална работа (ЦСР), единиците за локална самоуправа (ЕЛС)  и Градот Скопје, локалните институции  и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) заеднички ќе ги преземат за операционализирање на активната програма Општинско корисна работа (ОКР).

Целта на Оперативните упатства е да дадат опис на процесот преку кој ќе се изготват, поднесат, одобрат, спроведат и набљудуваат активностите предвидени со програмата  Општинско- корисна работа во рамки напроектот Промовирање на одржливи вработувања II и поддршка на Владата во спроведување наОперативниот план за активни програми и мерки за вработување 2013.

Оперативните упатства се насочени кон обезбедување транспарентност во процесот и јасен преглед за улогите и обврските на сите вклучени страни како што се: Работното тело за Програмата, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување со своите центри за вработување, центрите за социјална работа (ЦСР), ЕЛС и Градот Скопје, локалните институции, УНДП и останатите учесници во проектните активности.

Оперативните упатства ги утврдуваат критериумите, предусловите, процедурите и постапките  кои треба да се остварат за реализација на програмата.

Правилата што треба да се применуваат при секоја фаза на проектниот циклус се соодветно наведени, вклучувајќи ги и обрасците и формуларите што треба да се користат.

Comments are closed