Сам свој газда

Сенат Демири живее во Шуто Оризари, една од економски најнеразвиените населби на Скопје. Една од клучната цели на Програмата самовработување беше токму таа, да допре до невработените лица и до најранливите социјални групи.

Сенат десет години немал редовна работа сè додека не дознал за Програмата во 2011 година. ,,Идејата да бидам сам свој шеф ми се виде многу интересна”, објаснува тој. ,,Размислував за некој мал бизнис којшто може да бидат успешен во мојата населба и одлучив да отворам автопералница. Секако дека во Шутка имаше и други автопералници, но видов дека има потреба за подобар квалитет. Се пријавив со бизнис план во којшто предвидов купување опрема за чистење која ќе биде подобра од онаа што ја користат другите автопералници”.

Предлогот на Сенат беше прифатен и тој учествуваше во Програмата во 2011 година.

________________________________________________________________________________________________

,,На обуката научив дека за да се води еден бизнис треба многу знаење, покрај тоа како да ја вршиш услугата. Обучувачите ми покажаа како во рамките на мојот план да ги покријам трошоците за рекламирање и идни инвестиции”, додава тој.

________________________________________________________________________________________________

Како и сите други кандидати чии планови се одобрени од страна на Експертската комисија, Сенат имаше полза од ангажманот на консултантите кои му помогнаа да го усоврши и конкретизира својот план. Тој вели: ,,Советниците (од Агенцијата за поддршка на претприемништвото) видоа точно која беше мојата цел и ми помогнаа да се фокусирам на начинот како да излезам на крај  со конкуренцијата, односно со другите авто-пералници.”

Откако идејата на кандидатот се одобрува од страна на обучувачите и координаторите на Центарот за вработување и се подготват нивните бизнис планови, надворешната Експертска комисија составена од банкарски експерти врши оценување на плановите. Консултанти се назначуваат за секој кандидат кој успешно ќе ја помине обуката и неговата бизнис идеја е одобрена од страна на обучувачите.Self-Employment Beneficiary Photo by Ljubomir Stefanov17

Марјан Стојчев, раководител на сектор во Агенцијата за поддршка на претприемништвото, институција која е еден од партнерите на УНДП при реализацијата на Програмата самовработување, го објаснува процесот: ,,На крајот од 2005 година Агенцијата почна со имплементација на субвенционираниот ваучер систем и оттогаш овој систем постојано се развива. Ваучер системот функционира во соработка со други програми и проекти, но најмногу со Програмата самовработување, која ги споделува приоритетите и целите на Агенцијата. Секоја година имаме јавен повик за прием на консултанти кои ќе се ангажираат во ваучер системот. Во последните години Агенцијата успеа да создаде Национален каталог на повеќе од 300 консултанти, од кои 180 се специјализирани за правење бизнис планови. Благодарение на учеството во Програмата самовработување бројот на овие експерти расте секоја година. Работата со Програмата е посебен поттик бидејќи ние им помагаме на невработените лица кои одлучиле самите да ја одредуваат својата судбина. Иста така, друг поттик е фактот дека со тоа нам ни се овозможува да го доживееме предизвикувачкиот, но и возбудливиот свет на претприемништвото”.

Self-Employment Beneficiary Photo by Ljubomir Stefanov16Триесет и седумгодишниот Сенат сега е горд сопственик на авто-пералница на одлична локација, со опрема којашто му овозможува клучна предност пред конкурентите: ,,Со новите машини кои ги купив со парите од грантот можам да привлечам многу повеќе клиенти бидејќи тие го забележуваат квалитетот на услугите  кои ги нудиме во пералницата”, истакнува Сенат.

Невработеноста меѓу ромското население се смета дека е 53%, споредено со 27% кај не-ромското население. Меѓу Ромите бројот на невработени жени е поголем: 70% невработени ромски жени, споредбено со 35% невработени жени од другите етнички заедници. Во прилог на тоа и фактот дека најголемиот број Роми се долгорочно невработени, а 70% од младите невработени Роми изјавиле дека немаат никакво работно искуство. Најголемиот број вработени Роми се на работни места кои не бараат квалификации или се на работни места за кои е потребна делумна квалификација. Многу од овие работни места се нерегуларни, привремени
или со пола работно време.

Програмата самовработување е еден од повеќето начини со кои Владата и УНДП ги поддржуваат напорите за решавање на проблемот со невработеноста и несоодветното вработување меѓу Ромите. Авто-пералницата на Сенат, „Хадиса Мала“во Шуто Оризари, е само еден од  покарактеристичните постигнати резултати.

Comments are closed