Kаде се објавува огласот/јавниот повик за пријавување во програмата Самовработување? | |
---|---|
Јавниот оглас се објавува на официјалните веб страните Агенцијата за вработување на Републиуака Македонија и на Министерството за труд и социјална политика. (www.avrm.gov.mk; www.mtsp.gov.mk, како и на специјализираната веб страница www.rabotaimoznosti.mk). Исто така, огласот во пишана форма може да се најде и на огласните табли во центрите за вработување на АВРМ, како и на други соодветни места низ институциите на локално ниво (општини, ЦСР и други фреквентни места). Огласот е континуиран/отворен во текот на целата година, се додека не се исполни предвидена бројка во Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2018 година. |
|
Кој сé може да се пријави за учество во програмата Самовработување? | |
Во програмата Самовработување може да се пријават невработени лица кои се евидентирани како баратели на работа најмалку еден (1) ден пред денот на објавувањето на огласот и кои имаат желба да започнат сопствен бизнис, односно невработени лица до 29 години и невработени инвалидни лица и сите други евидентирани невработени лица.
Во 2018 година, Програмата Самовработување нема да поддржува основање на бизнис во следните дејности: 1. Земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01 – Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани за нив, со исклучок наорганско земјоделско производство; 2. Бизниси во дејност од класа 49.32 – Такси служба 3. Производство и дистрибуција на оружје, односно дејност од класа 25.40 – Производство на оружје и муниција, 4. Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, односно дејност од Сектор K/И– Финансиски дејности и дејности на осигурување,
|
|
Каде можам да се пријавам? | |
Пријавување на заинтересираните лица за учество во програмата Самовработување може да се оствари во соодветниот Центар за вработување (вкупно 30 центри низ државата) во кој заинтересираните лица се евидентирани. Список на 30 центри за вработување на АВРМ: http://avrm.gov.mk/centri-za-vrabotuvanje.nspx |
|
Дали треба да регистрирам фирма пред да се пријавам? | |
НЕ. Во програмата Самовработување може да се пријават евидентирани невработени лица кои во моментот на пријавување за учество во програма не се појавуваат во трговскиот регистар на Централен Регистар како основачи односно сопственици на фирма. | |
Како тече постапката за аплицирање? | |
Сите заинтересирани невработени лица активни баратели на работа кои за времетраење на огласот ќе пројават интерес за учество во Програмата Самовработување, треба да се пријават во соодветниот Центар за вработување на АВРМ да пополнат пријава за учество. Потоа, пријавените се повикуваат на информативна средба во Центарот за вработување каде ќе бидат изнесени сите информации за програмата Самовработување. По запознавањето со сите права и обврски на учесниците, и сите придобивки што ги нуди програмата, заинтересираните невработени лица пополнуваат Прашалник (електронски) и образец „Изјава за согласност”. Во случај на два содружника, двајцата корисници ќе потпишат изјава за заедничко учество и основање на ДОО. |
|
Како можам да се подготвам за подобро да го пополнам прашалникот и успешно го поминам овој чекор? | |
Заинтересираните кандидати за учество во програмата Самовработување можат подобро да се подготват за пополнување на прашалникот на следниве начини:
– Присуство на информативни работилници во надлежниот Центарот за вработување. Местото и времето на одржување на информативните средби може да се добие од одговорното лице за програмата Самовработување во Центарот за вработување – Индивидуална подготовка преку користење на Прирачникот за распознавање и развивање на претприемачките капацитети и афинитети кај апликантите за Самовработување, како и друга литература од полето на претприемништво. |
|
Каде можам да го најдам прирачникот за распознавање и развивање на претприемачките афинитети кај апликантите за Самовработување? | |
Прирачникот за распознавање и развивање на претприемачките афинитети кај апликантите за Самовработување може да се најде на веб страницата на АВРМ (www.avrm.gov.mk) и www.rabotaimoznosti.mk или да се добие примерок на информативните работилници организирани во центрите за вработување. |
Каква обука добиваат учесниците во Програмата Самовработување и колку трае обуката? |
---|
Лицата кои успешно ќе го поминат процесот на аплицирање ќе добијат основна обука за претприемништво и водење бизнис во времетраење од 30 часови реализирани во 4 работни дена. |
Дали учеството во обуките е задолжително? |
ДA. Учесниците во Програмата Самовработување имаат обврска да учествуваат во планираните обуки. Лицата кои имаат посетено најмалку 80% од вкупниот број на предвидени часови за обука ќе се стекнат со ПОТВРДА за завршена обука. Истата ќе има важност и на наредните два циклуси на пријавување во Програмата Самовработување во случај невработеното лице да не биде селектирано или доколку се откаже во некоја од фазите од програмата. |
Како ќе дознаеме за резултатот од реализираната обука? |
По завршување на обуките од секој циклус, списокот на најуспешни бизнис идеи ќе биде објавен на огласната табла во соодветниот Центар за вработување или на веб страниците на www.avrm.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk. Успешните кандидати ќе бидат известени за следните чекори од страна на центрите за вработување. |
Кои бизниси имаат поголема шанса да бидат успешни? |
Искуствата покажуваат дека во Програмата Самовработување се поддржувани успешни бизниси од најразлични дејности, пр. производство, преработувача индустрија, услужни дејности, ИТ дејност, градежништво, трговија, и други дејности. Но, за сите успешни бизниси заедничко е дека имале добра почетна бизнис замисла и квалитетно изработен бизнис план. |
Кога ќе можам да ги користам средствата од грантот? |
Учесниците во програмата Самовработување чиј бизнис планови се оценети како успешни, ја регистрирале својата фирма и се самовработиле, потпишуваат Договор за користење на средствата од грантот. Од потпишувањето на Договорот, учесниците можат да ги користат средствата од грантот. |
Освен грантот дали добивам и друг вид на поддршка во рамките на програмата? |
Да. Освен грантот за набавка на опрема и/или репроматеријали, програмата предвидува и менторска поддршка за млади невработени лица до 29 години, Роми и лица со инвалидност, како и за основачи на ДОО. Менторската поддршка подразбира постојана советодавна бизнис поддршка во времетраење од 1 година и ќе биде спроведена од страна на искусни бизнис ментори. |
Имам две идеи за започнување на бизнис, како да ја издвојам идејата која најмногу има шанса да успее? |
За време на обуката, кандидатите кои имаат повеќе идеи вршат тестирање на истите и треба да се решат за една најдобра идеја која понатаму ќе ја обработуваат и со која понатаму ќе продолжат во програмата. Со помош на тренерите и вежбите кои им се задаваат на кандидатите, тие ќе имаат можност да одлучат со каков бизнис ќе се занимаваат (зависно од знаењата, вештините кои ги поседуваат, искуството, оригиналноста на идејата, можностите за влез во бизнисот итн.) |
Кој ги оценува бизнис плановите? |
---|
Оценувањето на доставените бизнис планови се спроведува од страна на Експертска комисија составена од банкарски службеници за микрокредитирање. |
Како ќе дознам дали мојот бизнис план е позитивно оценет и ќе биде поддржан од програмата за самовработување? |
По завршување на оценувањето и селекцијата на најдобрите бизнис планови, списокот на најуспешни кандидати ќе биде објавен на огласната табла на Центарот за вработување од каде што доаѓа кандидатот, како и на веб страниците на АВРМ www.avrm.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk.
Центрите за вработување ќе ги повикуваат кандидатите со најуспешните бизнис планови на информативни работилници, каде што на кандидатите ќе им се дадат совети за процесот на регистрација на правни субјекти, потребните документи, како и кои се релевантните институции вклучени во овој дел на процесот. |
Смеам ли да ја сменам идејата за време на изработка на бизнис планот? |
Учесниците во програмата Самовработување во текот на планираните обуки за развој на бизнис идеја имаат можност да донесат одлука за бизнисот кој имаат желба да го водат. На крајот на обуката кандидатите доставуваат разработени бизнис идеи кои се предмет на евалуација и селекција. Подносителите на најуспешните бизнис идеи се упатуваат на дополнителна советодавна помош за изработка на бизнис план. Согласно наведеното, веќе разработената бизнис идеа во фаза на обуките не може да се промени во фазата на изработка на бизнис планот. |
Во случај да не сум задоволен од оценката на мојот бизнис план, дали имам можност за приговор? |
---|
ДА. Имате право да поднесете писмен приговор до соодветниот центар за вработување во рок од 5 работни дена. Истиот ќе биде разгледан од Комисија составена од претставници од сите вклучени партнери. |
Кој тип на правен субјект е најдобар за регистрација на мојот бизнис? |
---|
Правните форми кои може да бидат искористени за регистрација на бизнисот согласно програмата Самовработување се:
Подетални информации кои ќе овозможат олеснување на изборот на правната форма за регистрација на бизнисот ќе бидат дадени во текот на спроведување на програмата Самовработување. |
Кога ќе можам да ја регистрирам фирмата? |
По изборот на кандидатите со најдобри бизнис планови, Центрите за вработување ќе ги повикуваат кандидатите со најуспешните бизнис планови на информативни работилници, каде што на кандидатите ќе им се дадат совети за процесот на регистрација на правни субјекти, потребните документи, како и кои се релевантните институции вклучени во овој дел на процесот. |
Дали можам да вработам и друго лице? |
ДА. Со програмата Самовработување се очекува најдобро оценетите бизнис планови кои предвидуваат дополнително вработување, да бидат поддржани со дополнителни 92.000 денари за набавка на опрема и/или материјали Останатите ново-регистрирани фирми, надвор од програмата Самовработување се стекнуваат со можност да вработуваат и други лица согласно правната форма за регистрација на бизнисот и соодветната законска регулатива. |
Од кога треба да почнам да плаќам придонеси? |
Обврските на секоја фирма (правен субјект) започнуваат со регистрацијата на фирмата и вработувањето. |
Дали се враќаат парите од грантот? |
Учесниците во програмата Самовработување кои се стекнале со право на користење на средствата од грантот се стекнуваат и со одредени права и обврски.
• Доколку лицето – корисник на грантот престане со вршење на дејност (а со тоа престане и работниот однос) пред истекот на една (1), односно две (2) години од датумот на регистрирање на бизнисот, освен во случај на смрт или трајна неспособност, лицето – основач на фирмата има обврска да врати: • Регистрираниот бизнис кој е поддржан согласно оваа програма, доколку по истекот на шест (6) месеци од регистрација на бизнисот нема реализирано финансиски трансакции (т.е. исплатена бруто плата) преку Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување на Република Македонија испраќа писмо за опомена за неактивност на фирмата. Доколку и по доставувањето на опомената, лицето- корисник на грантот продолжи со нереализирање на финансиски трансакции во Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување на Република Македонија, ќе започне постапка за враќање на средствата одобрени со грантот. |
Доколку мојот бизнис план успешно ја помине евалуацијата/селекцијата, колку време ќе имам за да ја регистрирам мојата фирма? |
По извршеното рангирање и селекција на најдобрите БП, центрите за вработување во соработка со УНДП ќе организираат информативни работилници каде што на кандидатите ќе им се даваат совети за типовите на правни субјекти, потребни документи и чекори за регистрација на бизнисот, како и каде треба да се обратат при регистрацијата. Кандидатите кои ги имаат обезбедено бараните предуслови за регистрација на правната форма за која се имаат определено потребно им e најмногу 7 работни дена за спроведување на процесот на регистрација на фирма преку Централен регистар на РМ. |
Што ако се откажам пред или по регистрацијата на фирмата? |
Во случај на непочитување и неизвршување на обврските од програмата и договорот, за корисниците ќе се применуваат договорените и пропишани санкции:
• Лицата кои во рамките на проектниот циклус, доставиле бизнис планови и чиишто бизнис планови успешно го поминале процесот на евалуација, а ќе се откажат од понатамошното учество, пред искористување на средствата од грантот, не може да се вратат во евиденцијата на невработени лица во АВРМ најмалку една (1) година, сметано од денот на откажувањето. • Лицата кои ќе ги искористат средствата за набавка на опрема и/или материјали преку Програмата Самовработување и ги исполниле сите одредби од Договорот за доделување на неповратни средства, во рок од три (3) години не може да се вратат во евиденција на невработени лица во АВРМ, сметано од денот на регистрација на бизнисот; • Доколку лицето- корисник на грантот престане со вршење на дејност (а со тоа престане и работниот однос) пред истекот на една (1) односно две (2) години од датумот на регистрирање на бизнисот, освен во случај на смрт или трајна неспособност, или пак само престане работниот однос, а на негово место веднаш не се вработи друго лице, лицето – основач на фирмата има обврска да врати во период од 12 месеци: − 80% од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или материјали, доколку престане со вршење на дејност пред истекот на првата година од основањето на бизнисот • Регистрираниот бизнис кој е поддржан согласно со оваа програма, доколку по истекот на првите 3(три) месеци од регистрација на бизнисот или во било кои 3 (три) последователни месеци во текот на 2 (две) години од регистрирањето на бизнисот нема реализирано финансиски трансакции (т.е. исплатена бруто плата) преку Управата за јавни приходи, Центарот за вработување на АВРМ испраќа писмо за опомена за неактивност на фирмата. Доколку по истекот на 2 (два) месеци од денот на доставување на опомената лицето корисник на грантот продолжи со нереализирање на финансиски трансакции во Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување на Република Македонија, ќе започне постапка за враќање на искористените средства од програмата во висина од 100% |
Дали можете да ми помогнете да ги обезбедам потребните дозволи, решенија или сертификати кои се неопходни при регистрацијата на правниот субјект во Централен Регистар на Р.М? |
Обезбедувањето на документи (дозволи, решенија, сертификати, лиценци и др.) кои се потребни при регистрација на некои правни субјекти е обврска на кандидатот. |
Дали парите можам да ги земам во готово, во кеш? |
---|
Не. Согласно со условите од програмата Самовработување средствата од грантот можат да се искористат исклучиво за набавка на опрема и материјали/репроматеријали според спецификацијата од изработениот бизнис план, кој е составен дел на Договорот |
Колку изнесува висината на грантот? |
Учесниците кои ќе ги задоволат поставените критериуми на програмата Самовработување се стекнуваат со право да користат грант – неповратни средства во износ од кој се движи помеѓу 246.000 денари и 307.500 денари (со вклучен ДДВ) за набавка на опрема и/или материјали согласно спецификацијата од одобрениот бизнис план, која е составен дел на бизнис планот. Износот на грантот ќе биде одреден во зависност од потребите на кандидатот (износот ќе биде внесен и во договорот за грант и нема да подлежи на дополнителни прилагодувања). Ново-регистрираните бизниси во кои јасно се укажува на потребата од вработување на најмалку две лица за успешно функционирање на бизнисот ќе имаат можност да добијат дополнителни 92.000 денари/153.750 денари доколку вработат уште едно лице по претходна реализација на самовработувањето. Висината на дополнилните средства по лице варираат во зависност од старосната граница на ново- вработеното лице (за лица до 29 години се доделуваат 153.750 денари, а за лица над 29 години 92.000 денари). |
Дали може да направам промена во делот на набавките? |
Учесниците кои ќе ги задоволат поставените критериуми на Програмата Самовработување се стекнуваат со право да користат неповратни финансиски средства согласно условите наведени во договорот за грант. Набавките ќе се вршат според спецификацијата од изработениот бизнис план, кој е составен дел на договорот. Доколку се воспостави дека барањето за промена во набавката на опрема или материјали е во согласност со целите како и во насока на реализација на предвидениот бизнис план, во посебно предвидена постапка може да се изврши промена во набавката на опрема/материјали. |
Што може да набавам со парите од грантот? |
Согласно со условите од програмата Самовработување со средствата од грантот може да се набави опрема и/или материјали согласно спецификацијата од одобрениот бизнис план, кој е составен дел на Договорот. |
Дали постои рок за користење на средствата или можам да ги користам во било кое време до истекот на важноста на договорот? |
ДА.Рокот на искористување на средствата ќе биде одреден во соработка со ЦВ и Мониторинг Координаторот на УНДП. Секако секој учесник во програмата треба да има во предвид дека средствата од грантот треба да се искористат во што е можно пократок рок. |
Дали со средствата од грантот можам да ги покријам трошоците за кирија, комуналии, сметки за тековни трошоци, дозволи и лиценци за работа? |
НЕ. Согласно со условите од програмата Самовработување средствата од грантот можат да се искористат исклучиво за набавка на опрема и/или материјали. |
Кога можеме да ја добиеме опремата и материјалите набавени преку програмата? |
Корисникот по извршената регистрација на фирмата и самовработувањето, веќе правно лице, потпишува Договор за доделување на грант. После потпишувањето на договорот за грант корисникот може да започне со реализација на набавките на планираните опрема и/или материјали. |
Што ако не ми оди бизнисот? |
Сите невработени лица кои се вклучени во програмата Самовработување, добиваат континуирана советодавна и менторска поддршка од центрите за вработување и УНДП координаторите, како и експретска поддршка за време на Обуката и развивањето на Бизнис планот, со цел подобар развој на бизнис идејата и подобра подготовка пред започнувањето на бизнисот. Ризикот за неуспех на бизнисот, го преземаат секогаш сопствениците и управителите на фирмите. Но одлика е на добрите претприемачи добро да го проценат тој ризик и по можност да го сведат на минимум. Во случај на непочитување и неизвршување на обврските од програмата и договорот, за корисниците ќе се применуваат договорените и пропишани санкции:
− 80% од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или материјали, доколку престане со вршење на дејност пред истекот на првата година од основањето на бизнисот − 60% од финансиските средства доколку престане со вршење на дејност (а со тоа престане и работниот однос) пред истекот на 2 години од датумот на регистрирање на бизнисот. • Регистрираниот бизнис кој е поддржан согласно со оваа програма, доколку по истекот на првите шест (6) месеци од регистрација на бизнисот нема реализирано финансиски трансакции (т.е. исплатена бруто плата) преку Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување на Република Македонија испраќа писмо за опомена за неактивност на фирмата. Доколку по истекот на три месеци од денот на доставување на опомената, лицето- корисник на грантот продолжи со нереализирање на финансиски трансакции во Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување на Република Македонија, ќе започне постапка за враќање на средствата одобрени со грантот. |