За програмата

 

ПРОГРАМА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ

 

Сонувате за сопствен бизнис? Сакате да бидете „сам свој газда“?

 

Ако сте невработени и активно барате работа, програмата Самовработување ви нуди одлична можност за основање на свој бизнис. Со добивање на неповратни средства во износ од 246.000 денари до 307.500 денари, или до 615.000 денари за здружување на двајца, плус советодавна поддршка и обука од областа на претприемништовото, визијата за остварување на вашата бизнис идеја има реални шанси да се оствари.
 
Успешно селектираните кандидати од циклусите на програмата, ќе имаат можност за добивање советодавна и финансиска поддршка за регистрација на сопствените бизниси и за набавка на потребната опрема и/или материјали. Со тоа тие стануваат конкурентни правни субјекти подготвени да се борат со предизвиците на пазарот.
Сите детални информации за програмата, условите за аплицирање, процесот на селекција, успешните приказни од веќе основани бизниси поддржани од оваа програма, ќе може да ги најдете на оваа е-страница или работните клубови при Центрите за вработување ширум државата.
 
Програмата е заеднички реализирана од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ), а во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Програмата Самовработување е дел од Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

Детални информации можат да се добијат на телефонскиот број (02) 3111-850 во Централната служба на Агенцијата за вработување на РМ или во работните клубови на 30 центри за вработување низ државата.

 

 

1

 

Comments are closed