II. Обуки

Каква обука добиваат учесниците во Програмата Самовработување и колку трае обуката?
Лицата кои успешно ќе го поминат процесот на аплицирање ќе добијат основна обука за претприемништво и водење бизнис во времетраење од 30 часови реализирани во 4 работни дена.
Дали учеството во обуките е задолжително?
ДA. Учесниците во Програмата Самовработување имаат обврска да учествуваат во планираните обуки. Лицата кои имаат посетено најмалку 80% од вкупниот број на предвидени часови за обука ќе се стекнат со ПОТВРДА за завршена обука. Истата ќе има важност и на наредните два циклуси на пријавување во Програмата Самовработување во случај невработеното лице да не биде селектирано или доколку се откаже во некоја од фазите од програмата.
Како ќе дознаеме за резултатот од реализираната обука?
По завршување на обуките од секој циклус, списокот на најуспешни бизнис идеи ќе биде објавен на огласната табла во соодветниот Центар за вработување или на веб страниците на www.avrm.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk.  Успешните кандидати ќе бидат известени за следните чекори од страна на центрите за вработување.
Кои бизниси имаат поголема шанса да бидат успешни?
Искуствата покажуваат дека во Програмата Самовработување се поддржувани успешни бизниси од најразлични дејности, пр. производство, преработувача индустрија, услужни дејности, ИТ дејност, градежништво, трговија, и други дејности. Но, за сите успешни бизниси заедничко е дека имале добра почетна бизнис замисла и квалитетно изработен бизнис план.
Кога ќе можам да ги користам средствата од грантот?
Учесниците во програмата Самовработување чиј бизнис планови се оценети како успешни, ја регистрирале својата фирма и се самовработиле, потпишуваат Договор за користење на средствата од грантот. Од потпишувањето на Договорот, учесниците можат да ги користат средствата од грантот.
Освен грантот дали добивам и друг вид на поддршка во рамките на програмата?
Да. Освен грантот за набавка на опрема и/или репроматеријали, програмата предвидува и менторска поддршка за млади невработени лица до 29 години, Роми и лица со инвалидност, како и за основачи на ДОО. Менторската поддршка подразбира постојана советодавна бизнис поддршка во времетраење од 1 година и ќе биде спроведена од страна на искусни бизнис ментори.
Имам две идеи за започнување на бизнис, како да ја издвојам идејата која најмногу има шанса да успее?
За време на обуката, кандидатите кои имаат повеќе идеи вршат тестирање на истите и треба да се решат за една најдобра идеја која понатаму ќе ја обработуваат и со која понатаму ќе продолжат во програмата. Со помош на тренерите и вежбите кои им се задаваат на кандидатите, тие ќе имаат можност да одлучат со каков бизнис ќе се занимаваат (зависно од знаењата, вештините кои ги поседуваат, искуството, оригиналноста на идејата, можностите за влез во бизнисот итн.)

Comments are closed