V. Набавка на опрема и/или материјал

Дали парите можам да ги земам во готово, во кеш?
Не. Согласно со условите од програмата Самовработување средствата од грантот можат да се искористат исклучиво за набавка на опрема и материјали/репроматеријали според спецификацијата од изработениот бизнис план, кој е составен дел на Договорот
Колку изнесува висината на грантот?
Учесниците кои ќе ги задоволат поставените критериуми на програмата Самовработување се стекнуваат со право да користат грант – неповратни средства во износ од кој се движи помеѓу 246.000 денари и 307.500 денари (со вклучен ДДВ) за набавка на опрема и/или материјали согласно спецификацијата од одобрениот бизнис план, која е составен дел на бизнис планот. Износот на грантот ќе биде одреден во зависност од потребите на кандидатот (износот ќе биде внесен и во договорот за грант и нема да подлежи на дополнителни прилагодувања).
Ново-регистрираните бизниси
 во кои јасно се укажува на потребата од вработување на најмалку две лица за успешно функционирање на бизнисот ќе имаат можност да добијат дополнителни 92.000 денари/153.750 денари доколку вработат уште едно лице по претходна реализација на самовработувањето. Висината на дополнилните средства по лице варираат во зависност од старосната граница на ново- вработеното лице (за лица до 29 години се доделуваат 153.750 денари, а за лица над 29 години 92.000 денари).
Дали може да направам промена во делот на набавките?
 Учесниците кои ќе ги задоволат поставените критериуми на Програмата Самовработување се стекнуваат со право да користат неповратни финансиски средства согласно условите наведени во договорот за грант. Набавките ќе се вршат според спецификацијата од изработениот бизнис план, кој е составен дел на договорот.
Доколку се воспостави дека барањето за промена во набавката на опрема или материјали е во согласност со целите како и во насока на реализација на предвидениот бизнис план, во посебно предвидена постапка може да се изврши промена во набавката на опрема/материјали.
Што може да набавам со парите од грантот?
Согласно со условите од програмата Самовработување со средствата од грантот може да се набави опрема и/или материјали согласно спецификацијата од одобрениот бизнис план, кој е составен дел на Договорот.
Дали постои рок за користење на средствата или можам да ги користам во било кое време до истекот на важноста на договорот?
ДА.Рокот на искористување на средствата ќе биде одреден во соработка со ЦВ и Мониторинг Координаторот на УНДП. Секако секој учесник во програмата треба да има во предвид дека средствата од грантот треба да се искористат во што е можно пократок рок.
Дали со средствата од грантот можам да ги покријам трошоците за кирија, комуналии, сметки за тековни трошоци, дозволи и лиценци за работа?
НЕ. Согласно со условите од програмата Самовработување средствата од грантот можат да се искористат исклучиво за набавка на опрема и/или материјали.
Кога можеме да ја добиеме опремата и материјалите набавени преку програмата?
Корисникот по извршената регистрација на фирмата и самовработувањето, веќе правно лице, потпишува Договор за доделување на грант. После потпишувањето на договорот за грант корисникот може да започне со реализација на набавките на планираните опрема и/или материјали.
Што ако не ми оди бизнисот?
Сите невработени лица кои се вклучени во програмата Самовработување, добиваат континуирана советодавна и менторска поддршка од центрите за вработување и УНДП координаторите, како и експретска поддршка за време на Обуката и развивањето на Бизнис планот, со цел подобар развој на бизнис идејата и подобра подготовка пред започнувањето на бизнисот.
Ризикот за неуспех на бизнисот, го преземаат секогаш сопствениците и управителите на фирмите. Но одлика е на добрите претприемачи добро да го проценат тој ризик и по можност да го сведат на минимум. Во случај на непочитување и неизвршување на обврските од програмата и договорот, за корисниците ќе се применуваат договорените и пропишани санкции:

  • Лицето – корисник на грантот ако престане со вршење на дејност (а со тоа престане и работниот однос) пред истекот на една (1) односно две (2) години од датумот на регистрирање на бизнисот, освен во случај на смрт или трајна неспособност, или пак само престане работниот однос, а на негово место веднаш не се вработи друго лице, лицето – основач на фирмата има обврска да врати во период од 12 месеци:

− 80% од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или материјали, доколку престане со вршење на дејност пред истекот на првата година од основањето на бизнисот

− 60% од финансиските средства доколку престане со вршење на дејност (а со тоа престане и работниот однос) пред истекот на 2 години од датумот на регистрирање на бизнисот.

• Регистрираниот бизнис кој е поддржан согласно со оваа програма, доколку по истекот на првите шест (6) месеци од регистрација на бизнисот нема реализирано финансиски трансакции (т.е. исплатена бруто плата) преку Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување на Република Македонија испраќа писмо за опомена за неактивност на фирмата. Доколку по истекот на три месеци од денот на доставување на опомената, лицето- корисник на грантот продолжи со нереализирање на финансиски трансакции во Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување на Република Македонија, ќе започне постапка за враќање на средствата одобрени со грантот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *