III. Изработка на бизнис план

Кој ги оценува бизнис плановите?
Оценувањето на доставените бизнис планови се спроведува од страна на Експертска комисија составена од банкарски службеници за микрокредитирање.
Како ќе дознам дали мојот бизнис план е позитивно оценет и ќе биде поддржан од програмата за самовработување?
По завршување на оценувањето и селекцијата на најдобрите бизнис планови, списокот на најуспешни кандидати ќе биде објавен на огласната табла на Центарот за вработување од каде што доаѓа кандидатот, како и на веб страниците на АВРМ www.avrm.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk.

Центрите за вработување ќе ги повикуваат кандидатите со најуспешните бизнис планови на информативни работилници, каде што на кандидатите ќе им се дадат совети за процесот на регистрација на правни субјекти, потребните документи, како и кои се релевантните институции вклучени во овој дел на процесот.

Смеам ли да ја сменам идејата за време на изработка на бизнис планот?
Учесниците во програмата Самовработување во текот на планираните обуки за развој на бизнис идеја имаат можност да донесат одлука за бизнисот кој имаат желба да го водат. На крајот на обуката кандидатите доставуваат разработени бизнис идеи кои се предмет на евалуација и селекција. Подносителите на најуспешните бизнис идеи се упатуваат на дополнителна советодавна помош за изработка на бизнис план. Согласно наведеното, веќе разработената бизнис идеа во фаза на обуките не може да се промени во фазата на изработка на бизнис планот.
Во случај да не сум задоволен од оценката на мојот бизнис план, дали имам можност за приговор?
ДА. Имате право да поднесете писмен приговор до соодветниот центар за вработување во рок од 5 работни дена. Истиот ќе биде разгледан од Комисија составена од претставници од сите вклучени партнери.

Comments are closed