I. Aплицирање

Kаде се објавува огласот/јавниот повик за пријавување во програмата Самовработување?
Јавниот оглас се објавува на официјалните веб страните  Агенцијата за вработување на Републиуака Македонија и на Министерството за труд и социјална политика. (www.avrm.gov.mkwww.mtsp.gov.mk, како и на специјализираната веб страница www.rabotaimoznosti.mk). Исто така, огласот во пишана форма може да се најде и на огласните табли во центрите за вработување на АВРМ, како и на други соодветни места низ институциите на локално ниво (општини, ЦСР и други фреквентни места).
 
Огласот е континуиран/отворен во текот на целата година, се додека не се исполни предвидена бројка во Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2018 година.
Кој сé може да се пријави за учество во програмата Самовработување?
Во програмата Самовработување може да се пријават невработени лица кои се евидентирани како баратели на работа најмалку еден (1) ден пред денот на објавувањето на огласот и кои имаат желба да започнат сопствен бизнис, односно  невработени лица до 29 години и невработени инвалидни лица и сите други евидентирани невработени лица.

Во 2018 година, Програмата Самовработување нема да поддржува основање на бизнис во следните дејности:

1.       Земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01 – Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани за нив, со исклучок наорганско земјоделско производство;

2.       Бизниси во дејност од класа 49.32  – Такси служба

3.       Производство и дистрибуција на оружје, односно дејност од класа 25.40 – Производство на оружје и муниција,

4.       Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, односно дејност од Сектор K/И– Финансиски дејности и дејности на осигурување,
 
По исклучок од Точка 1 и 2, невработените инвалидни лица и невработени лица Роми, ќе можат да регистрираат правен субјект во земјоделска дејност и такси служба.
 
Во тековната 2018 година, предвидено е да се поддржат 1.176 лица со програмата Самовработување, од кои што 50 лица со инвалидност.
 
НапоменаЛицата кои добиле грант во изминатите 5 години немаат право за учество во мерката.

 

  

Каде можам да се пријавам?
Пријавување на заинтересираните лица за учество во програмата Самовработување може да се оствари во соодветниот Центар за вработување (вкупно 30 центри низ државата) во кој заинтересираните лица се евидентирани.
Список на 30 центри за вработување на АВРМ: http://avrm.gov.mk/centri-za-vrabotuvanje.nspx
Дали треба да регистрирам фирма пред да се пријавам?
НЕ. Во програмата Самовработување може да се пријават евидентирани невработени лица кои во моментот на пријавување за учество во програма не се појавуваат во трговскиот регистар на Централен Регистар како основачи односно сопственици на фирма.
Како тече постапката за аплицирање?
Сите заинтересирани невработени лица активни баратели на работа кои за времетраење на огласот ќе пројават интерес за учество во Програмата Самовработување, треба да се пријават во соодветниот Центар за вработување на АВРМ да пополнат пријава за учество. Потоа, пријавените се повикуваат на информативна средба во Центарот за вработување каде ќе бидат изнесени сите информации за програмата Самовработување. По запознавањето со сите права и обврски на учесниците, и сите придобивки што ги нуди програмата, заинтересираните невработени лица пополнуваат Прашалник (електронски) и образец „Изјава за согласност”.
Во случај на два содружника, двајцата корисници ќе потпишат изјава за заедничко учество и основање на ДОО.
Како можам да се подготвам за подобро да го пополнам прашалникот и успешно го поминам овој чекор?
Заинтересираните кандидати за учество во програмата Самовработување можат подобро да се подготват за пополнување на прашалникот на следниве начини:

– Присуство на информативни работилници во надлежниот Центарот за вработување. Местото и времето на одржување на информативните средби може да се добие од одговорното лице за програмата Самовработување во Центарот за вработување

– Индивидуална подготовка преку користење на Прирачникот за распознавање и развивање на претприемачките капацитети и афинитети кај апликантите за Самовработување, како и друга литература од полето на претприемништво.

Каде можам да го најдам прирачникот за распознавање и развивање на претприемачките афинитети кај апликантите за Самовработување?
Прирачникот за распознавање и развивање на претприемачките афинитети кај апликантите за Самовработување може да се најде на веб страницата на АВРМ (www.avrm.gov.mk) и www.rabotaimoznosti.mk или да се добие примерок на информативните работилници организирани во центрите за вработување.

Comments are closed